Навигација

Оставете ја мапата дома, благодарение на нашиот навигациски систем.

Оставете ги мапите дома, благодарение на нашиот навигациски систем кој е целосно интегриран со најновите технологии од TomTom. Со удобниот 5.8 инчен сензорен дисплеј, навигацијата е интуитивна и лесна за читање, додека целиот систем е направен да дава целосни мултимедиски информации кои ви се потребни, а сето тоа со цел да му помогне на возачот во текот на движењето.

Најновите технологии на TomTom, кои ќе ги пронајдете во нашите автомобили, вклучуваат:

Интелигентни рути TomTom – системот користи податоци собрани од милиони корисници за да ги пресмета најбрзите можни рути, земајќи предвид повеќе фактори како што се часови со голем сообраќаен метеж, семафори, па дури и места со зголемено движење на пешаци.
Прикажување на правилната патна лента – во секој момент, системот јасно ќе му покаже на возачот во која лента треба да се престрои за да може да го направи потребното завртување. Реалистичните 3D слики на крстосниците, ќе ви помогнат да останете смирени за своето позиционирање.
Говорна контрола на навигацијата – му овозможува на возачот да му даде инструкции на навигацискиот систем, користејќи претходно дефинирани команди.

Дополнителни услуги:

Камери – Вашиот навигациски систем може да ви покаже податоци за
патни камери кон кои се приближувате, како и брзината со која треба да се движите.
Google – доколку барате одреден ресторан, сега е полесно од било кога да ја дознаете точната адреса или да видите како изгледа.
Сообраќај – со новите системи на TomTom ќе можете да дознаете во реално време дали сте на пат да влезете во сообраќаен метеж, информации кои го вклучуваат дури и времето што ќе ви биде потребно за да минете низ него.

Секогаш ќе возите со најновите мапи. Во момент кога нова мапа е достапна, вие ќе можете да ја преземете од серверите на TomTom, користејќи TomTom HOME. Бесплатна програма за вашиот компјутер, преку која ќе можете да се претплатите за дополнителни услуги, да ги обновувате информациите во автомобилот, како и тоа да можете да комуницирате со други возачи на автомобили, кои користат TomTom навигација.

ПРОЧИТАТЕ ПОВЕЌЕ ЗА: