Mazda MX-5

УЛТИМАТИВНИОТ РОУДСТЕР: КАБРИОЛЕТ СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ КОЈ ЌЕ ВИ ГО ЗАБРЗА СРЦЕВИОТ РИТАМ

Со огромно задоволство објавуваме дека на Мазда МХ-5 и’ беше доделена титулата “Најпопуларен роудстер” на Онест Џон наградите во 2013 година.

Мазда МХ-5 е најпродаван спортски двосед автомобил во светот со добра причина. Овој добитник на повеќе награди МХ-5 ги има вистинските квалитети на еден роудстер - исклучителна агилност и динамика на возење, оптимален сооднос на моќноста со тежината како и воодушевувачки погон на задните тркала. И секако покрив Софт-топ кој не зафаќа место во багажникот и за неколку секунди може да го претвори прекрасниот роудстер во елегантен и стилски кабриолет.

Како типичен пример на нашиот неконвенционален пристап, овој спортски автомобил е инспириран од јапонскиот поим за Џинбаитаи - “коњ и јавач како едно”. Ова е специјалната врска помеѓу автомобилот и возачот која што ја прави МАЗДА МХ-5 толку подготвена, витална и забавна за возење.