Новата Мазда 3 Седан

Mazda3 Хечбек

ШТО ПРАВАТ ИНЖЕНЕРИТЕ НА МАЗДА ШТОМ ЌЕ ПОСТИГНАТ СОВРШЕНОСТ?
ПОЧНУВААТ ОДНОВО.

Искусна. Агилна. Впечатлива. Мазда3 е сето тоа во едно. Кулминација на храбро инженерство, креативен дизајн и бестрашна убеденост да се постигне невозможното. Па, како да се подобри автомобил кој веќе ги надминал очекувањата во секој поглед? Автомобил што ги собира сите награди година по година? Не е лесно. Прашајте ги нашите Мазда инженери. За да ја пресоздадат Мазда3, тие почнуваат од нула. Тие го облагородуваат стилот на Мазда со сензибилитетот на КОДО дизајнот и внатре и од надвор. Додаваат понапредни иновации за поголема безбедност од било кој друг автомобил во својата класа. Ја опремија со модерни карактеристики и иновации на следната генерација. Нашите инженери ја надградија Мазда3 и во поглед на легендарната возечка динамика. Подобра од било кога и поискусна, Мазда3 докажува дека еден автомобил може да понуди сѐ – и сето тоа во пакет забавен за возење и достапен за секого.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА НАШАТА ТЕХНИЧКИ НАЈНАПРЕДНА МАЗДА ДОСЕГА.

Ако прашањето гласи: „Што нуди новата Мазда3?“ Одговорот би бил: „А што не нуди?“ Сѐ е ново, секој аспект на Мазда3 е преработен со цел да ги надмине границите на иновација и дизајн, да се подобри енергетската ефикасност, да се надградат технологиите и да се намали тежината. Од Мазда3 може да го очекувате и невозможното. Автомобил кој навистина нуди нешто повеќе и не се задоволува со ништо помалку од најдоброто – тоа може да се види и од долгата листа напредни стандарди и понудени карактеристики и иновации.

Од 4.1 л/100 км

Потрошувачка во комбиниран циклус

Од 104 гр/км

CO2емисии во комбиниран циклус

  • 1
  • 2
  • 3
  • wowslider
  • 5
1 2 3 4 5
jquery slideshow by WOWSlider.com v7.4m

Опрема:

  • 16” алуминиумски тркала
  • Заден спојлер на кровот
  • Предни светла за магла
  • Странични прагови и спортски решетка
  • Клима уред со автоматска дигитална регулација
  • Кожен волан
  • Команди на воланот за аудио системот

Карактеристика

CO2 емисии* од 104г/км

Заштеда на гориво

Потрошувачка на гориво* од 3.9л/100км B
Детали Погледнете што се крие под убавата надворешност
* Информацијата за потрошувачката на гориво, емисијата на CO2 и потрошувачката на енергија се во согласност со Директивата 1999/94/ЕО. Прикажаните вредности се однесуваат за потрошувачка при комбиниран циклус на возење.

АКО ИЗГЛЕДОТ Е ВЕТУВАЊЕ ЗА ТОА ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ, ТОГАШ ОЧЕКУВАЈТЕ МНОГУ.

Дизајнирана да го зграпчи движењето, моќта и леснотијата на природата, секоја мускулна линија и рафинирана контура на Мазда3 го отелотворува најдраматичниот изглед на нашиот КОДО „Душата на движењето“ дизајн досега. Малку пониска и поширока, новата Мазда3 се карактеризира со свиена положба, испакната решетка и продорни предни светла кои оставаат неверојатен прв впечаток. Но, како и секогаш со Мазда, формата е следбеник на функцијата, а прекрасно извајаниот надворешен дел на Мазда3 нуди и одлична аеродинамика - дури подобра и од Тојота Приус . Нудејќи исклучиво низок коефициент на аеродинамика, Мазда3 нуди поголема измината километража,подобри перформанси и подобро налегнување на патот од било кога. Ова е само уште еден пример како Мазда3 има секогаш скриени адути во ракавите.

ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПАТОТ ПРЕД ВАС.

Предните светла на КОДО дизајнот кај Мазда3 не само што се впечатливи, туку нудат и поостар видик на патот пред вас. Стандардни што се однесува на формата, биксенон светлата содржат динамичен прстен кој ја насочува светлината, а во нив има вградено и ЛЕД дневни светла за поефективно осветлување. Моделите од нивото Ultimate нудат адаптирачки систем на предни светла кој помага појасно да се видат кривините на патот, додека пак, HBC (контролата за долго светло) дополнително го подобрува вашиот поглед. Овој иновативен систем работи автоматски со цел максимално да се искористи долгото светло, а од друга страна, кога ќе открие дека некое возило се доближува пред вас на вашата лента автоматски се придушува. Прекрасен дизајн соединет со високо напредни технологии. Не постои подобар начин да го осветлите вашето патување.

Од 4.1 л/100 км

Потрошувачка во комбиниран циклус

Од 104 гр/км

CO2емисии во комбиниран циклус

  • 1
  • 2
  • 3
  • wowslider
  • 5
1 2 3 4 5
jquery slideshow by WOWSlider.com v7.4m
БАНДАЖИ не само убави-совршени
Алуминиумските бандажи со гуми 205/60 R 16 се во сериска опрема веќе од нивото на опрема CHALLENGE

Алуминиумските бандажи со гуми 205/60 R 16 се во сериска опрема веќе од нивото на опрема CHALLENGE



Бои За префинет вкус
  • P
    Soul Red бисрена металик(41V)
  • P
    Кафено-титаниум бисерна металик(42S)
  • P
    Кралски сина бисерна металик(42M)
  • P
    SHINARI сиво-син бисерен металик(42B)
  • P
    Метеор сива бисерен металик(42A)
  • M
    Титаниум металик(38P)
  • P
    Црна бисерен металик(41W)
  • P
    Бела бисерна металик(25D)
  • P
    Арктички бела(A4D)
  • M
    - Металик
    P
    - Перлен металик
Детали Погледнете што се крие под убавата надворешност

ВОЗЕЊЕТО ДА ОЖИВЕЕ, БУКВАЛНО.

За нашите Мазда инженери, да се создаде автомобил кој е спортски, практичен и забавен за возење не беше доволно. Тие сакаа да го оживеат возечкото искуство од моментот кога ќе ја отворите вратата. За да се создаде ова ново ниво на поврзаност, централниот индикатор се пали и пулсира како срцева акција веднаш штом влезете во автомобилот. Кога ќе го притиснете копчето за палење на моторот, индикаторите од страна исто така се палат, а Активниот Дисплеј за возење се буди и ве поздравува. Сѐ што е поврзано со кабината на Мазда3 е целосно ново, возбудливо и живо – создадено да поттикне чувство на поврзаност.

ЦЕЛОСНО ПОВРЗАНИ. ПРИВЛЕЧНОСТ БЕЗ НАПОР.

Технолошки најнапредната Мазда е опремена со технолошки најнапредна кабина. Со функционалност под вашите прсти, благодарение на мултифункционалната командна контрола, лесно можете да управувате со аудио и навигациските системи, а сето тоа да го гледате на 7-инчниот екран во боја кој работи на допир. Сега може да уживате во голем број опции за забава и тоа без да го тргнете погледот од патот. Достапна ви е новата генерација Bose® Centerpoint® 2 сараунд звучен систем, интернет радио и уште многу повеќе. Плус, добивате корисни стандардни карактеристики како УСБ приклучок, далечински клуч и копче за старт.
  • 2
  • 1
  • wowslider
  • 4
1 2 3 4
jquery slideshow by WOWSlider.com v7.4m

ОДРАЗ НА ИНЖЕНЕРСТВО СО СТРАСТ.

Само упорноста на инженерите кои работат за Мазда можат да ни ја доближат Мазда3. Целосно пресоздадена, Мазда3 е завет на макотрпното инженерство опседнато со најмалиот детаљ. Со цел да се создаде повисоко ниво на прецизност и уметност, Мазда го извајува во глина секој свој модел и не смета единствено на компјутерски создадени дизјани. Користејќи посебни инструменти од самите уметници, Мазда успеа да создаде толку прецизен дизајн кој може да се измери до делче од милиметар од оригиналната визија на инженерот. Се работи за ниво на мајсторија која можеби изгледа малку екстремна – таква што другите создавачи на автомобили не би се ни обиделе да ја направат. Сепак, ние сме Мазда – пркосејќи ѝ на традиционалноста ние правиме автомобили вредни за возење.

ПОВТОРНО ПРОНАОЃАЊЕ НА ТРКАЛОТО

Дури и кога не се движат, динамичните свиоци и контури кај спиците на тркалото на Мазда3 и даваат изглед на движење. Покрај атлетскиот и супериорен изглед, достапните 18-инчни тркала од алуминиумска легура се специјално дизајнирани да ја намалат вревата на патот и да ја зголемат стабилноста при управување на возилото.

ЖИВОТОТ НА ЛЕНТАТА ЗА ПРЕТЕКНУВАЊЕ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОБЕЗБЕДЕН.

Понекогаш не очекувате иновациите за безбедност да го подобрат возачкото искуство. Освен ако не сте дел од Мазда и не сте опседнати со постигнувања. За Мазда3, нашите инженери инсистираа да се понудат комплет i-ACTIVSENSE безбедносни иновации – пакет напредни безбедносни технологии кои не се достапни кај другите автомобили од оваа класа. Како активен метод за безбедност, i-ACTIVSENSE е дизајниран со цел да ве доближи до околината и тоа врз основа на верувањето дека правејќи ве свесни за условите на патот, вие ќе бидете подобро подготвени да спречите сообраќајна незгода или барем истата да биде помалку сериозна.
Детали Погледнете што се крие под убавата надворешност

ХАРМОНИЈАТА НИКОГАШ НЕ БИЛА ТОЛКУ ОХРАБРУВАЧКА

Возејќи ја Мазда 6 имате чувство дека тоа е природно продолжување на телото. Управувачкиот систем Ве поврзува совршено со патот, без да го зголемува страничното забрзување. Ова ви помага да постигнете рамнотежа при движење со голема брзина, при што значително ја намалува тензијата за возачот. Голема заслуга за тоа има (EPASS-Electronic Power Assist Steering system), кој дозволува на "возачот" да се насладува на кривите планински патеки додека се чувствува перфектно и во најпрометните градски услови.

АДАПТИВНИ - ВРТЛИВИ СВЕТЛА

Стандард кај повисоките нивоа на опрема, Bi-Xenon светлата со AFLS (Adaptive Front-lighting System) се вртат заедно со воланот, при што Ви овозможуваат да видите поубаво што Ве очекува на наредната кривина. Пресметувајќи го аголот на вртење и брзината AFLS го осветлува патот на најдобар возможен начин.

ВОНЗЕМНИ ИДЕИ. АПЛИКАЦИИ – SKYACTIV

Почнавме од идејата дека потенцијалот на модерниот автомобил не е реализиран во целост. Го негиравме општото правило и создадовме автомобил кој е повеќе продуктивен и поекономичен едновремено.Тоа се постигнува од заедничката работа на сеопфатната SKYACTIV технологија која вклучува:

ШАСИ SKYACTIV-CHASSIS

Конструирани в хармония със SKYACTIV-BODY, кормилната система и окачването спомагат за пъргаво поведение при ниски скорости и стабилно стоене на пътя при високи. Създадохме ги леки, за да получите по-директно и естествено усещане зад волана.

I-ELOOP – ДУРИ И ЗАПИРАЊЕТО ВЕ ИСПОЛНУВА

Мазда 6 е првата Мазда со системот i-ELOOP – регенеративен систем на сопирање, која ја складира кинетичната енергија при сопирање во високо ефективен кондензатор.Тоа овозможува на автомобилот да користи 100% од својот капацитет за забрзување, при што ги елиминира загубите од алтернаторот. По тој начин Ви обезбедува заштеда на гориво во рамките на 5%.

МЕНУВАЧ SKYACTIV-MT

Шест брзински менувач со пониски преносни степени вдахновени од легендарната МХ-5 Миата. Помала, полесна и поцврста во споредба со која и да било правена од нас до сега.

МЕНУВАЧ SKYACTIV-DRIVE

Инженерите создадоа исклучително прецизен, високо продуктивен автоматски менувач, кој го комбинира чувството на рачното менување на брзините и непреченото менување на автоматиката.Многу поотворена и истовремено поефикасна од досегашните.

ШАСИЈА SKYACTIV-BODY

Мазда е првата компанија во светот, која користи челик со голема јачина, во сериски автомобил. SKYACTIV-шасијата на Мазда 6 е лесен, но поцврст челик во критични точки од конструкцијата, со што на тој начин гарантира обезбедување на мала тежина, додека ги штити значително подобро патниците.

НИЕ СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ – ВИЕ ЗАРАБОТУВАТЕ!

Во 1991 година Мазда влезе во историјата како првиот производител на автомобили кој ги доби 24-те часа на Ле Ман.Тој неверојатен успех беше постигнат целосно со нашиот ротационен мотор, кој беше веднаш забранет, како сериозна закана за тркачките серии. Денес Мазда повторно ги менува правилата! Го користиме целиот потенцијал на нашата SKYACTIV технологија против конкуренцијата во 24-те часа на Дајтона.Овој пат нашиот подвиг ќе биде со неверојатна ефикасност на дизелот SKYACTIV-D и неговиот колосален вртежен момент.

ДА! – НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДИЗЕЛ МОТОР

Тркачкиот мотор SKYACTIV - D 2.2 ги содржи над 60% од деловите на моторите SKYACTIV- D наменети за конвенционалните автомобили. Сè во овој агрегат е конструирано да биде исклучително цврст, економичен и истовремено безбеден на патот и на патеката.
Детали Погледнете што се крие под убавата надворешност

i-ACTIVSENSE – ВАШИОТ АНГЕЛ ЧУВАР

i-ACTIVSENSE е сеопфатен систем за безбедност при возењето. Мазда се стреми да ги подобри вештините на секој возач со што ќе го подготви однапред, обезбедувајќи витално важни информации за донесување на паметни одлуки.

i-ACTIVSENSE е комбинација од системи за активна безбедност, која алармира за работи за кои возачот нема представа. Овие системи помагаат за претчувството на опасни ситуации, спречување на судир или ги намалуваат негативните ефекти, во случај доколку таков е неизбежен.

RVM–REAR VIEW MONITORING SYSTEM

Кога Мазда 6 е во движење, радари ги следат објектите лоцирани во "мртвата зона" на возачот. Ако превземете да ја менувате лентата и дадете сигнал за истото (трепкач) системот ќе сигнализира со светлечка светлина во соодветниот ретровизор и предупредувачки звучен сигнал.

8 ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА КАКО СТАНДАРД

Мазда6 стандардно доаѓа со софистицирани двојни предни воздушни перничиња со сензори за позицијата и тежината на возачот и совозачот. Стандард се исто така и двојните странични воздушни перничиња и страничните завеси со покриеност на предните и задни седишта.

MRCCS – MAZDA RADAR CRUISE CONTROL SYSTEM

Еволуцијата на патувањето! Овој систем не само што ви овозможува да остане избраната од Вас брзина, но ги следи и другите учесници во сообракајот, при што се адаптира спрема нивната брзина и далечина.

SCBS – SMART CITY BRAKE SUPPORT

При движење меѓу 5 до 35 км / ч овој систем ги следи објектите пред возилото. Во случај на зголемена опасност од судир системот ги подготвува кочниците при што ги подесува истите поблиску до дискот за кочење. Нешто повеќе - ако возачот не го преземе процесот на кочење, системот автоматски може да го донесе возилото во мирување, за да се минимализира ризикот од судир.

LDWS - LANE DEPARTURE WARNING SYSTEM

Систем кој ја следи локацијата на патот. Во случај на несакано менување на лентата (без да е подадена светлосна сигнализација) системот алармира со звучен и светлосен сигнал. Системот е активен при брзина над 60 км / ч.

HBCS – HIGH BEAM CONTROL SYSTEM

Системот дозволува оптимално користењето на "долги" светла при возење во текот на ноќта. HBCS автоматски се префрла на "кратки" кога од спротива ќе се појави друг автомобил (Насочен пред или спроти Вас)
Детали Погледнете што се крие под убавата надворешност