Од 16 980 € со ДДВ
Од 18 980 € со ДДВ
Од 26 980 € со ДДВ
Од 28 980 € со ДДВ
Ќе уживате во нови димензии при возењето со целосно новата Mazda CX5. Целосно обновен однадвор и одвнатре, нашиот нов модел на SUV е дарежлив спрема патниците исто како што е и спрема возачот. Создадена за да го слави возењето, целосно новата Mazda CX5 им овозможува на сите кои се внатре, едно силно чувство на единство со колата и формира неотповиклива врска помеѓу возачот и возилото.
Со еволуцијата на KODO дизајн и прецизнатa изработка, прекрасниот екстериер е значаен и препознатлив по новата црвена Soul Red Crystal металик боја, додека пространата кабина, создадена со фокус на патниците е внимателно дизајнирана и врвно удобна за вас и за останатите патници. Совршен за долги, забавни патувања со семејството и со пријателите. Со последната генерација i-ACTIVESENSE технологија за безбедност кои ги поседува, сите можат да се релаксираат и да уживаат во патувањето.
Сподели радост и максимално уживање во возењето.
Потрошувачка во комбиниран циклус
CO2гасови во комбиниран циклус
Целосно новата Mazda CX5 со KODO дизајн ja комбинира убавината со енергијата. Од предниот до задниот дел на автомобилот, стилот создава возбудливо чувство на моќно движење напред со агилност и брзина.
За да се истакнат сензуалните линии на SUV-от, ние од Мазда развивме нова црвена Soul Red Crystal металик боја со нашата висококвалитетна технологија за бојадисување. TAKUMI-NURI која е развиена за да се открие исклучителната текстура, создавајќи светла и богата боја. Треба да ја видите за да ни поверувате.
Потрошувачка во комбиниран циклус
CO2гасови во комбиниран циклус
Софистицираниот ентериер создаден за возачот и патниците обезбедува целосна удобност, чувство на отвореност, интегрираност како во бизнис класа за сите патници. Создаден со фокус на возачот со ергономски апарати за управување и нов волан, пространиот и луксузен ентериер е местото каде што може да нуренете во комфор и да имате чувство на целосна контрола. Патниците можат да уживаат во длабоките седишта кои може да се регулираат за долги патувања.
Ние од Мазда секогаш почнуваме од Вас, најприродната позиција на седиштето, на педалите, на уредите и на управувачот. Кога се чувствуваш удобно, задоволството при возењето е поголемо. Патниците ќе уживаат во возењто исто колку и Вие. Сo подобрена аеродинамика и изолација за помала бучава, Вашите пријатели и семејство ќе уживаат на задните седишта исто колку и вие зад управувачот.
Возејќи ја Мазда 6 имате чувство дека тоа е природно продолжување на телото. Управувачкиот систем Ве поврзува совршено со патот, без да го зголемува страничното забрзување. Ова ви помага да постигнете рамнотежа при движење со голема брзина, при што значително ја намалува тензијата за возачот. Голема заслуга за тоа има (EPASS-Electronic Power Assist Steering system), кој дозволува на "возачот" да се насладува на кривите планински патеки додека се чувствува перфектно и во најпрометните градски услови.
Почнавме од идејата дека потенцијалот на модерниот автомобил не е реализиран во целост. Го негиравме општото правило и создадовме автомобил кој е повеќе продуктивен и поекономичен едновремено.Тоа се постигнува од заедничката работа на сеопфатната SKYACTIV технологија која вклучува:
Конструирани в хармония със SKYACTIV-BODY, кормилната система и окачването спомагат за пъргаво поведение при ниски скорости и стабилно стоене на пътя при високи. Създадохме ги леки, за да получите по-директно и естествено усещане зад волана.
Шест брзински менувач со пониски преносни степени вдахновени од легендарната МХ-5 Миата. Помала, полесна и поцврста во споредба со која и да било правена од нас до сега.
Инженерите создадоа исклучително прецизен, високо продуктивен автоматски менувач, кој го комбинира чувството на рачното менување на брзините и непреченото менување на автоматиката.Многу поотворена и истовремено поефикасна од досегашните.
Мазда е првата компанија во светот, која користи челик со голема јачина, во сериски автомобил. SKYACTIV-шасијата на Мазда 6 е лесен, но поцврст челик во критични точки од конструкцијата, со што на тој начин гарантира обезбедување на мала тежина, додека ги штити значително подобро патниците.
i-ACTIVSENSE е сеопфатен систем за безбедност при возењето. Мазда се стреми да ги подобри вештините на секој возач со што ќе го подготви однапред, обезбедувајќи витално важни информации за донесување на паметни одлуки.
i-ACTIVSENSE е комбинација од системи за активна безбедност, која алармира за работи за кои возачот нема представа. Овие системи помагаат за претчувството на опасни ситуации, спречување на судир или ги намалуваат негативните ефекти, во случај доколку таков е неизбежен.
Кога Мазда 6 е во движење, радари ги следат објектите лоцирани во "мртвата зона" на возачот. Ако превземете да ја менувате лентата и дадете сигнал за истото (трепкач) системот ќе сигнализира со светлечка светлина во соодветниот ретровизор и предупредувачки звучен сигнал.
Мазда6 стандардно доаѓа со софистицирани двојни предни воздушни перничиња со сензори за позицијата и тежината на возачот и совозачот. Стандард се исто така и двојните странични воздушни перничиња и страничните завеси со покриеност на предните и задни седишта.
Еволуцијата на патувањето! Овој систем не само што ви овозможува да остане избраната од Вас брзина, но ги следи и другите учесници во сообракајот, при што се адаптира спрема нивната брзина и далечина.
При движење меѓу 5 до 35 км / ч овој систем ги следи објектите пред возилото. Во случај на зголемена опасност од судир системот ги подготвува кочниците при што ги подесува истите поблиску до дискот за кочење. Нешто повеќе - ако возачот не го преземе процесот на кочење, системот автоматски може да го донесе возилото во мирување, за да се минимализира ризикот од судир.
Систем кој ја следи локацијата на патот. Во случај на несакано менување на лентата (без да е подадена светлосна сигнализација) системот алармира со звучен и светлосен сигнал. Системот е активен при брзина над 60 км / ч.
Системот дозволува оптимално користењето на "долги" светла при возење во текот на ноќта. HBCS автоматски се префрла на "кратки" кога од спротива ќе се појави друг автомобил (Насочен пред или спроти Вас)