Интересно

Интересно
    • Мазда София

      Проверете си ги гумите

      Гумите кои одговараат на препорачаниот притисок и се во добра состојба, ја намалуваат потрошувачката на гориво, а тоа значи помалку штетни гасови и средства. Според истражувањата, оптимално напумпаните гуми имаат подолг век и можат да го зголемат коефициентот на корисно дејство на горивото за 3%. Редовно проверувајте го притисокот во гумите на вашиот автомобил!

       

      Проверете си ги гумите

    • Мазда София

      Користете соодветни брзини

      Наглото сопирање и забрзување троши до 30% повеќе гориво, при што истовремено се зголемува и абењето на возилото. Возете со изедначена брзина и рамномерно менувајте брзини, со цел да се намалат трошоците на гориво и штетните гасови. Планирајте ја рутата и размислете околу вашите активности по патот, и на тој начин ќе си обезбедите доволно време за реакција и смена на брзините. Така, вие ќе потрошите и помалку гориво. Возете на повисока брзина, а со самото тоа, вртежите на моторот ќе се одржуваат во најниско можни граници (1.000 - 2.500).

       

      Користете соодветни брзини

    • Мазда София

      Заштедете пари од вашиот автомобил

      Колку полесен е автомобилот, толку помалку гориво ќе троши и толку пониски ќе бидат нивоата на штетни гасови. Погледнете што има во багажникот, можеби има предмети кои не ви требаат постојано... Имате и багажник за велосипеди? Користете го само кога е потребно.

       

      Заштедете пари од вашиот автомобил

    • Мазда София

      Редовни прегледи на сервис

      Редовните годишни прегледи ви гарантираат дека моторот на вашиот автомобил ќе работи со оптимална ефикасност, обезбедува постојана висока продуктивност и одржува ниска потрошувачка на гориво. Грижата околу вашата Mazda ќе ја зголеми и нејзината продажна цена доколку се одлучите да ја продадете. Дилерската мрежа и овластените сервиси на Mazda со задоволство ќе се погрижат да уживате во вашиот автомобил и во иднина.

       

      Редовни прегледи на сервис

    • Мазда Скопjе

      Заштедете од сообраќајниот метеж

      Додека сте во метеж, ви препорачуваме да го изгаснете моторот за да заштедите гориво. Освен тоа, ќе помогнете и за намалување на штетните гасови.

       

      Заштедете од сообраќајниот метеж

    • Мазда Скопjе

      Оставете го дома вашиот автомобил

      Колку често го користите вашиот автомобил за да поминете мало растојание, а потоа се нервирате затоа што нема каде да паркирате? Прошетајте се, уживајте во природата. Движењето ќе влијае добро на вашата форма и ќе помогне за заштита на животната средина.

       

      Оставете го дома вашиот автомобил

    • Мазда Скопjе

      Споделете го патувањето

      Доколку одите во ист правец со познаници или пријатели, користете заеднички автомобил. Што има поубаво од пријатно друштво во сообраќај? Од друга страна, ги намалувате трошоците и загадувањето.

       

      Споделете го патувањето

    • Мазда Скопjе

      Држете растојание

      Доколку оставате доволно растојание до автомобилот пред вас, ќе имате доволно време да предвидите евентуално сопирање и ќе ја намалите брзината порамномерно, а меѓу другото ќе заштедите и нерви.

       

      Држете растојание

    • Мазда Скопjе

      Проверувајте го воздушниот филтер

      Воздушниот филтер го штити моторот од оштетување како резултат на навлегување на тврди честички и нечистотија. Замената на нечист филтер може да ја подобри економичноста на горивото до 10%, а во исто време го штити и моторот.

       

      Проверувајте го воздушниот филтер

    • Мазда Скопjе

      Задржете ја инерцијата

      Започнете го сопирањето за семафорите порано за да може црвеното светло да се смени со зелено и да продолжите без да застанете. Започнете да забрзувате пред да почнете искачување на некоја висина. Тоа ќе ви овозможи да преминете без да е потребно дополнително да го оптоварувате моторот.

       

      Задржете ја инерцијата