Mazda Macedonia | Нова Мазда 6 4X4 AdventureMazda Macedonia Нова Мазда 6 4X4 Adventure – Mazda Macedonia

Нова Мазда 6 4X4 Adventure

Mazda 6 4x4 Adventure

Mazda 6 Adventure PRO-ACTIVE AWD


Добро познатиот (од кросоверот СХ 5) систем за погон на четири тркала AWD е достапен и кај Маzdaа 6 4х4 ADVENTURE. Моделот придонесува за уште побезбедно и динамично возење.



Mazda 6 All wheel driveMazda 6 All wheel drive Pro-active AWD- е последната генерација од електронски контролиран систем на MAZDA за погон на четири тркала. AWD се вклучува без никакво одложување уште пред тркалата или било кој од нив да загубат прилепувањето со патот - потребата од погон на четири тркала се оценува во реално време, врз основа на информациите доставени од различни сензори (пр. G-сензор за забрзување, сензор за позицијата на педалата за гас и волан и многу други)



При стартување од место или при потреба од забрзување при претекнување вртежниот момент е контролиран, за да се обезбеди оптималниот стисок на тркалата. Поради тоа забрзувањето на автомобилот е значително подобрен.



Електронскиот Pro Active AWD автоматски ја контролира распределбата на погонот на предните и задните тркала, при што овозможува:

  1. Сигурно поведение при секакви патни услови
  2. Зголемена мобилност при лоши патишта
  3. По безбедно, стабилно и самоуверено однесување при движење во кривина.
  4. Го зголемува комфорот и го намалува заморот на возачот и патниците.
  5. Меѓусебни соодноси помеѓу предните и задните тркала

Од 100: 0 - постојана брзина, сув пат, рамен дел, до 50:50 - брзина при тргнување или нагло претекнување, движење по наклон, лизгав пат или во кривини.

Pro-active AWD анализира четиринаесет параметри во реално време и го активира системот за погон на четири тркала. На пример:

  • Сензор за дожд на бришачите - уште при првите капки дожд, системот AWD се активира.
  • Надворешна температура под 5 o C
  • Брзина на движење на тркалата и разлика помеѓу нив
  • Агол на вртење на воланот и др
  • Лизгава пат
  • Ниска надворешната температура
  • Поаѓање по стрмен пат


Само 2 години по светската премиера на новата Маzda 6 Jапонскиот производител направи 234 подобрувања поврзани со системите за безбедност, oднесување на патот, удобноста, внатрешност и надворешност. Воведени се 6 нови системи за проактивна безбедност.



Целосно нови се мултисегментните LED адаптивни предни светла, подобрена е удобноста и ергономијата на седиштата, со 25% е намалена бучавата во кабината преку употреба на нови материјали.



Целата моторна гама опфаќа еколошки норми Евро 6.



Од 5.0 л/100 км

Комбинирана потрошувачка на гориво

Од 132 гр/км

CO2 емисии во комбинирана потрошувачка