Новата Mazda CX-5: Најпродаваниот модел на Mazda во Европа сега е уште поатрактивен

Своето јубилејно 50-то појавување на Саемот за автомобили во Женева, Мазда, меѓу другото го прослави со европската премиера на новиот модел CX-5. Станува збор за втората генерација на компактниот SUV.

 

Наследникот на најпродаваниот модел на Mazda во Европа пристигнува со еволуираната SKYACTIV технологија, подобрена ергономија, удобност во возењето (нови седишта, подобра изолација…), моторизација, безбедносни системи (напредниот GVC) и сето тоа спакувано во една прекрасна каросерија.

 

Кога сме кај GVC системот, станува збор за технологија која што истовремено ја подобрува управливоста на автомобилот и безбедноста при возењето и доаѓа во стандардниот пакет на опрема.

 

Новиот CX-5 пристигнува со нешто пониска линија на покривот, а сето тоа му носи поспортски изглед на автомобилот на Mazda.

 

CX-5 пристигнува во продажба со 4-цилиндричен 2,5-литарски мотор со 6-степенски автоматски менувач и 187 коњски сили. Погонот е на предни тркала, опционално на сите четири, а продажбата започнува во текот на летото. 4-цилиндричниот 2,2-литарски дизел мотор пристигнува во втората половина од годината.

Comments are closed.