Мазда 6 ја освои престижната награда

Мазда 6 спечели престижната Награда за дизајн „red dot“
Леверкузен, 4 април 2013. Целосно новата Мазда 6 беше почестена со престижната награда „red dot“ за 2013 година и на тој начин ја додаде во својата колекција од награди и оваа меѓународно призната награда за исклучителен дизајн. Тоа е уште една потврда за исклучителниот предводник на Мазда и револуционерниот дизајн „KODO – Духот на Движењето“.

Жирито составено од 37 члена од независни експерти по дизајн, кои оценуваат според девет критериуми, му оддаде почест на KODO кој даде инспирација за новата Мазда 6, поради високото ниво на иновации во дизајнот. KODO дава инспирација за најновата генерација автомобили на Мазда. Инспириран од експлозивната енергија на животните и атлетичарите во движење, KODO ја симболизира посебната динамика на Мазда во целосна синхронизација со пристапот кој ги предизвикува правилата на Мазда кон целосно создавање на автомобилите кои се комплетно насочени кон луѓето. Дел од освоените награди вклучуваат: Auto Bild’s 2012 European Design Award (Мазда СХ-5, првата која користела KODO дизајн) и прво место кај концептуалните модели на германскиот конкурс за Автомобилски Дизајн 2012 (Mazda Takeri).

Базирана на концептуалниот модел Takeri, целосно новата Мазда 6 – вториот модел на Мазда, кој користи KODO – ја поседува и целата гама на SKYACTIV технологии кои се подредени на филозофијата Jinba Ittai – чувството за единство меѓу автомобил и човек. Отелотворувајќи ја и филозофијата за одржлив развој Zoom-Zoom, последниот предводник на марката успеа да достигне уникатни показатели за својата класа во економичност на гориво, безбедност и претставување.
„Со целосно новата Мазда 6, ние имаме намера да ги разбудиме сетилата на луѓето за да свртат глава и уште во истиот момент да посакаат да го возат овој автомобил“, вели Питер Бртвисл – главен дизајнер во Европскиот R&D центар на Мазда. „Наградата „red dot“ за дизајн е доста престижна и претставува доказ дека сме постигнале нешто навистина единствено со филозофијата KODO“.

Наградата за дизајн „red dot“
Основана во 1955 г. од страна на Центар за Дизајн Нордхајн Вестфалија, кој се наоѓа во Германија, „red dot“ е еден од најголемите конкурси за автомобилски дизајн. Наградите се за дизајн на производи, концептуален дизајн и комуникациски дизајн. Победниците на конкурсот „red dot награда: дизајн на производи 2013“, беа избрани од 4 622 понуди од 1 865 производители од 54 држави и ќе ги добијат своите награди на 1 јули Aalto Theatre во Essen. Победниците и нивниот производ добиваат право да го носат симболот на конкурсот, како потврда за уникатноста на нивниот дизајн.

Comments are closed.